Манчестер Јунајтед објави алтернативни планови за нов стадион по критиките дека претходниот личеше на „циркуски шатор“
Плановите на Манчестер Јунајтед за нов стадион вреден 2,3 милијарди евра, кој би го заменил Олд Трафорд, добија мешани реакции кога беа претставени претходно овој месец.
Изградбата на нова арена со капацитет од 100.000 гледачи, како дел од проектот за регенерација на областа Олд Трафорд поддржан од Владата на Обединетото Кралство, наводно би можела да донесе дополнителни 8,5 милијарди евра годишно во економијата, да создаде 92.000 нови работни места и 17.000 нови домови.
Но, концептуалниот дизајн на новиот стадион, создаден од архитектонската фирма Foster and Partners, беше исмеан од некои навивачи. Архитектите го опишаа проектот како „отворен кон заедницата“ и како „срцето на новиот одржлив кварт“. Сепак, трите високи кули инспирирани од трозабецот на Манчестер Јунајтед беа исмејувани, а некои дури го споредија изгледот на стадионот со „циркуска шатра“. Компанијата Butlins дури и го тролаше Јунајтед, велејќи дека новиот дизајн изгледа „некако познато“.
Говорејќи за проектот, новиот ко-сопственик на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, кој е главна движечка сила во обидот да се решат проблемите со сегашниот стадион, изјави:
„Денес започнува неверојатно возбудливо патување кон создавањето на најдобриот фудбалски стадион во светот, во срцето на обновениот Олд Трафорд.“
„Нашиот сегашен стадион не служеше одлично 115 години, но веќе заостанува зад најдобрите спортски арени во светот. Со изградба веднаш до сегашниот стадион, ќе можеме да ја зачуваме суштината на Олд Трафорд, додека создаваме навистина модерен стадион кој ќе го трансформира искуството на навивачите, само на неколку чекори од нашата историска локација.“
Планот на клубот е да изгради нов стадион покрај сегашниот Олд Трафорд, кој потоа ќе биде урнат. Изградбата на новата арена би траела околу пет години, а потоа постојниот стадион би се демонтирал во период од една година.
Но, доколку предложениот проект не се реализира во својата тековна форма, AI суперкомпјутер бил ангажиран да создаде неколку алтернативни дизајни – и резултатите се навистина интересни.
Четири можни алтернативи за новиот стадион:
1. Реновиран Олд Трафорд
Една опција е да се задржи постојниот стадион, но со темелна реконструкција, што би значело модернизација на сите аспекти, вклучувајќи го и озлогласениот покрив кој протекува.
2. Стадион на вода
Ако Евертон може да гради покрај вода, зошто да не и Јунајтед? Оваа опција предвидува ултра-модерен стадион на живописна локација, кој би бил вистинска туристичка атракција.
3. Стаклен џин
Огромен, импресивен стадион со стаклена фасада, кој би можел лесно да собере 100.000 гледачи.
4. Футуристички дизајн
Овој предлог повеќе наликува на модерните стадиони што ги градеа големите европски клубови во последните години, обезбедувајќи долгорочна одржливост на проектот.
Овие идеи би можеле да бидат корисни за управата на Јунајтед додека размислува за иднината на нивниот легендарен дом.
Тажен крај?
Како дел од анализата, AI исто така генерирал слики од запуштен Олд Трафорд, како би изгледал пред уривање. Резултатот? Скоро исто толку лошо колку што Јунајтед играше оваа сезона.
Коментирај анонимно