Манекенка којашто била киднапирана во 2017 година сега ќе ја раскаже својата приказна во нова драматична серија: „Сакам сите да знаат што ми направија киднаперите!“

Манекенка која била киднапирана во 2017 година откри повеќе за моментот кога се разбудила откако била дрогирана.

 

 

 

Клои Ајлинг имала само 20 години кога била намамена во Милано, Италија, каде верувала дека учествува во фотосесија. Но, откако Клои пристигнала на адресата која и била дадена, започнала нејзината драма. Таа била киднапирана и дрогирана од двајца мажи, па ова бил само почеток на ужасното искуство кое траело со денови.

Клои – чие искуство сега е документирано во новата драма на БиБиСи, „Киднапирана: Приказната за Клои Ајлинг“ – била држена како откуп во една фарма во Торино од киднаперите Лукаш Херба и неговиот брат Михал.

Зборувајќи во емисијата, Клои се потсети на застрашувачкиот момент кога се разбудила откако била дрогирана со кетамин и спакувана во куфер.

„Сè уште можам да се сетам на некои делови толку визуелно. Бев толку издрогирана, но кога се разбудив сè уште можам да се сетам на чувството како да бев на брод“, изјави таа за „BBC Breakfast“.

„Се уште се сеќавам на тој момент, но имам тенденција да не размислувам за тоа. Особено затоа што тогаш толку многу зборував за тоа и се потресував“.

 

 

Клои вели дека се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на луѓето да разберат што навистина и се случило за време на застрашувачкото искуство, откако била обвинета дека го лажирала целиот инцидент како трик за публицитет.

„Сè што сакав во тоа време беше да се изнесат фактите и луѓето да го разберат случајот. Едноставно чувствувам дека тоа никогаш не беше прикажано како што треба навреме. Беше толку фокусирано на мене и тоа не е она што го сакав. Сакав сите да видат факти и тоа е она што го покажува драмата и луѓето ќе добијат многу знаење од оваа драма“.

На крајот, манекенката успеала да ги убеди киднаперите да ја пуштат откако им објаснила дека има млад син. Двајцата мажи беа уапсени од властите, а Лукаш беше осуден на 16 години и девет месеци затвор, додека неговиот брат Михал беше осуден на 16 години и осум месеци затвор.

Клои во серијата ќе ја толкува Надја Паркс. Главните улоги ги толкуваат и Адријан Едмондсон, Најџел Линдзи, Џулијан Свижевски и Олив Греј.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *