Манекенка чија горна усна беше искината по напад од питбул е подложена на револуционерна операција во обид да си ја врати насмевката
Манекенка на која питбул и ја скина горната усна во страшен напад, беше подложена на револуционерна операција од 400.000 долари за да се обиде да си ја врати насмевката.
Пред инцидентот, Бруклин Кури (22) од Мисион Виехо, Калифорнија, напорно работела на нејзината манекенска кариера. Скејтбордерката која стана инфлуенсер се подготвувала да ја сними својата прва телевизиска реклама, кога одеднаш сè се променило.
Лицето на Бруклин било драматично изменето на 3 ноември 2020 година, кога била нападната од куче на роднина додека била во посета на семејството во Аризона. Таа рече дека животното „мрдало со главата како играчка“, и на крајот и ја откинало целата горна усна и делови од нејзиниот нос.
Сега, 22-годишната девојка е подложена на операција која ќе и го промени животот и за која призна дека имала „многу измешани чувства“ поради долгиот и напорен процес на заздравување.
Таа во видеото на Јутјуб објавено само неколку дена пред да легне под нож откри дека по операцијата ќе мора да се служи со цевка за хранење, бидејќи воопшто нема да може да ја движи устата.
„Возбудена сум што повторно ќе почнам да заздравувам и да работам со овој лекар, но исто така сум навистина тажна што морам повторно да го прекинам животот и да го поминам процесот на заздравување“, рече таа.
„По операцијата, воопшто нема да можам да ја движам устата, па морам да имам цевка за хранење. Морам да бидам на течна диета. По операцијата морам да бидам во болница пет дена. Ќе ми требаат сите молитви што можам да ги добијам“.
Бруклин објасни дека „многу сложената операција“ нема да направи нејзината усна да изгледа сосема нормално. Таа додаде: „Нема да изгледа како совршена усна, тоа е само основата“.
Според зборовите на младата ѕвезда, докторите треба да ѝ земат кожа и артерија од раката и да и ги стават на уста за да делува како нова усна.
Таа, исто така, откри дека и требало повеќе од една година за да најде лекар кој е подготвен да работи на нејзиното лице, но дека тотално вредело да се чека.
Операцијата се одржа на 17 ноември, но Бруклин допрва треба да објави информации за тоа како поминала или како се чувствува.
Процедурата наводно чинела 400.000 долари и ќе бара најмалку пет последователни операции.