Маријана Андревска со своите илустрации покажува дека светот можеме да го имаме на дланка со добра доза на креативност

Оваа талентирана Македонка во себе носи голема доза на емоции и разиграност во своите илустрации. Маријана Андревска работи како „full time“ продукт дизајнер од Скопје.

Нејзината „најголема љубов“ е колаж-техниката, а минимализмот и ретро-винтиџот се задолжителни стилови во нејзините дигитални колажи. Уметноста денес препознава многу модерни начини на изразување, а токму овој пример покажува дека и ние имаме квалитет кој треба да се истакне. Погледнете неколку од илустрациите на Маријана.