Марк Цукерберг вели дека луѓето можат да ја надоместат потребата за пријатели со вештачка интелигенција, но психологот вели дека „нема замена“ за човечките врски

Марк Цукерберг вели дека просечниот Американец има околу три пријатели, но дека вистинската потреба е околу 15. Психологот Омри Гилат, пак, смета дека за повеќето луѓе тројца или четворица блиски пријатели се сосема доволно.

Сепак, за оние кои имаат потреба од повеќе пријатели, Цукерберг верува дека ВИ ќе може да ги пополни тие празнини. „Претпоставувам дека со текот на времето,“ рече тој, „ќе најдеме начин како општеството да ја артикулира вредноста на тоа.“

Но, Гилат не се согласува со ова. Идејата дека ВИ некогаш може да ги замени човечките врски „апсолутно не е поткрепена со истражувањата,“ вели тој.

 

Марк Цукерберг вели дека луѓето можат да ја надоместат потребата за пријатели со вештачка интелигенција, но психологот вели дека „нема замена“ за човечките врски

„Вештачката интелигенција не може да те запознае со нејзината мрежа“

Интеракцијата со различните видови на ВИ чатботови и „пријатели“ може да донесе „моментални придобивки,“ вели Гилат.

ВИ е достапна „24/7,“ на пример. „Секогаш ќе биде учтива и ќе каже вистински работи.“ Но, на крајот, оваа технологија не може да понуди придобивки што ги носат длабоките и долготрајни врски.
„Вештачката интелигенција не може да те запознае со нејзината мрежа. Не може да игра спорт со тебе или да те запознае со потенцијален партнер. Една прегратка би била многу позначајна, по корисна и подобра отколку многу од она што ВИ може да го понуди“. – вели тој.

Сепак, можно е да се создаде чувство дека имаш вистинска врска со ВИ. На пример, „Њујорк Тајмс“ неодамна извести за жена која се вљубила во ChatGPT. Но, бидејќи ВИ не може да врати чувства, тие врски се „лажни“ и „празни,“ вели Гилат.
Досегашните истражувања заклучуваат дека „нема замена за блиските, интимни и значајни врски“ кои луѓето можат да ги имаат само со други луѓе, додава тој.

 

„Вештачката интелигенција не може да те запознае со нејзината мрежа“

„Овие компании имаат свои агенди“

Не само што заменувањето на човечките пријателства или партнери со ВИ не би било исполнувачко, туку тоа може да ги направи луѓето да се чувствуваат полошо, вели Гилат. Истражувањата покажуваат дека децата што користат ВИ доживуваат „повисока анксиозност, поголема депресија и не ги развиваат социјалните вештини.“

Кога станува збор за создавање врски, Гилат советува: „Користете ја ВИ за вежбање, но не како замена“ и проверете дали технологијата не ви одзема време од интеракциите со луѓето.
За да запознаете нови луѓе, приклучете се на клубови и организации поврзани со вашите интереси и вежбајте активно слушање.

И запомнете, и покрај тоа што ги истакнуваат предностите на ВИ, „овие компании имаат свои агенди,“ вели тој. „Тие се обидуваат да заработат пари.“
Сам Марк Цукерберг го даде ова интервју во пресрет на последниот излез на Meta — апликација со ВИ слична на познатата ChatGPT.

„Овие компании имаат свои агенди“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *