Марко Пејчиноски е момчето кое по трет пат го освои Охридското езеро, иако има само 15 години
Марко Пејчиноски ѝ стана познат на македонската јавност за прв пат кога пред три години го преплива Охридското езеро и стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид на само 12-годишна возраст.

На 3-ти јули исплива 25 километри, започнувајќи од Охрид со главна цел Св. Наум. Тој ова свое пливање го посвети на чудотворецот Св. Наум Охридски.
Но, за Марко нема крај на предизвиците. На 31 јули ја оствари својата цел и како што вели тој: „Ова пливање го посветувам на мојата мајка.“ Во видеата подоле можете да го видите Марко како се справува со предизвикот и како храбро на нозе го завршува истиот.
Навистина Марко е една прекрасна млада личност која и покрај здравствените потешкотии не се откажува од своите соништа. Тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но ова очигледно не влијае на желбата на Марко да напредува и да ја гради својата кариера. Ова е за секоја пофалба, само напред Марко!
