Марко Пејчиновски го исполни својот нов подвиг и беше пречекан како херој пред Св. Наум
Марко Пејчиновски е тинејџер кој воодушевува со своите подвизи. Охридскиот херој си постави предизвици кои треба да ги исполни за ова лето и токму во таков успеа пред два дена и неговото пристигнување до целта можете да го видите подоле.
Марко ја преплива делницата од Струга до манастирот Св. Наум со што го совлада и четвртиот предизвик ова лето на Охридското Езеро. За тоа му беа потребни девет часа и дваесет и шест минути. На целта, кај манастирот Св. Наум, Марко беше пречекан со овации.
Ова беше четврто препливување на Охридското Езеро на Марко ова лето. Во јуни тој пливаше од Радожда до Охрид, односно Градиште и Трпејца.
До крајот на летото Марко има план да преплива уште 6 делници на Охридското Езеро, вкупно 10, во вкупна должина од околу 250 километри.
Коментирај анонимно