Марко Ристески со нов апел: Децата и СНУС – „Го користат и на училиште, без да бидат забележани“

По силната реакција на неговиот прв текст, Марко Ристески – едукатор, лидер на најпопуларниот летен детски камп во Македонија, Wonder Camp, и долгогодишен работник со деца и млади – повторно се обраќа до родителите, наставниците и јавноста. Поводот: ширењето на СНУС меѓу децата, опасна и лесно достапна супстанца која создава брза зависност, а многумина не ни знаат што всушност внесуваат.

Во продолжение ви го пренесуваме неговиот втор текст во целост:

Почитувани родители, наставници, пријатели…
Овие денови добив многу пораки, повици и искрени разговори со пријатели – некои блиски, некои кои првпат ми пишаа – сите благодарни за претходниот текст и загрижени за оваа нова и сериозна појава меѓу децата.
Ми е драго што многумина размислија што понатаму, како да зборуваат со своите деца и што можеме заедно да направиме. Затоа, не сакам ова да остане само на еден пост. Време е да ја отвориме темата гласно, јавно и решително. Можеби така ќе стигне и до институции, медиуми, училишта – каде што и треба да се слушне.
🔴 Што е СНУС?
Snus е бездимна форма на тутун во мали вреќички што се ставаат под усната. Не се пуши, нема мирис – и токму затоа децата лесно го користат дури и на училиште.
Но тоа што не мириса, не значи дека не труе. Напротив – содржи големи количини никотин, доволни за брза и силна зависност. Последиците ги гледаме веќе: анксиозност, раздразливост, пад на концентрација и целосна зависност.
🚨 Зошто е толку загрижувачки?
Се користи дискретно, без мирис – па многу деца го користат на училиште, без да бидат забележани.
Се продава и онлајн, и по киосци, маркети, бензиски дури и од други деца – без никаква контрола.
Една кесичка содржи високи дози никотин, што води кон анксиозност, несоница, проблеми со концентрација, и зависност.
Многу деца не знаат ниту што внесуваат – веруваат дека е нешто „кул“, „безопасно“ или „енергетско“.
⚠️ Колку е достапен СНУС бо нашата држава?
На жалост – премногу
Преплашува фактот дека:
– Се продава речиси насекаде – маркети, киосци, тобако, бензиски итн..
– Го купуваат ученици без никаква контрола
– Се препродава и меѓу самите деца, како „модерна работа“
– Има деца од 13–14 години кои веќе не можат без него
Ова не е минлива мода. Ова е аларм за сите нас.
🛑 Време е за реакција!
Родители, разговарајте со вашите деца. Наставници, бидете будни. Институции, вклучете се. Не е доволно само да знаеме – мораме сите да делуваме, сега!
Во следниот пост ќе се осврнеме на:
✅ Како да го препознаете СНУС кај вашето дете
✅ Како да разговарате со нив
✅ Кои се последиците и каде да побарате стручна помош

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *