Марсовско зајдисонце: Сини нијанси на Црвената планета
Фотографиите од површината на Марс, направени од роверот „Кјуриосити“ во 2017 година, го прикажуваат моментот кога Сонцето заоѓа зад рид, оставајќи зад себе небо обоено во сини тонови. За разлика од Земјата, Марс прима само 65-70% од сончевата светлина што стигнува до нашата планета. Ова доведува до послабо осветлување и потемно небо за време на зајдисонцето.
Во тие моменти, сончевите зраци се преломуваат низ ретката атмосфера на Марс и расејуваат светлина така што небото добива синикава боја. Овој ефект е резултат на присуството на поголеми честички прашина во атмосферата, кои го променуваат начинот на кој светлината се одбива.
Марсовски облаци
Интересен е и феноменот на марсовските облаци. На 20 март 2023 година, роверот „Персеверанс“ забележа облаци пред изгрејсонце кои потсетуваат на перјести облаци на Земјата, што обично се формираат на околу 6000 метри височина.
Во текот на вечерните часови, од површината на Марс може да се забележи и еден од неговите сателити – Фобос, кој јасно се истакнува на небото.
Наспроти ова, земјините зајдисонца се поразновидни и побогати со бои – од црвена и портокалова до розова и виолетова, благодарение на погустата атмосфера и различниот состав на честички.
Температурите на Марс се екстремни. Во лето може да достигнат до +20 °C, а највисоката измерена температура била +35 °C (регистрирaна од „Спирит“ во 2004 година). Сепак, во текот на ноќта температурата може да падне до –80 °C, а во зима и до –140 °C.
Коментирај анонимно