Маскиран крадец ѝ се извини на шанкерката откако таа го препозна неговиот глас

Маскиран разбојник се откажал од грабежот и ѝ се извинил на шанкерката откако таа го препознала неговиот глас и го идентификувала по име. 29-годишниот Лук Џонс ѝ се заканил со пиштол на Ивет Смит, која работела како шанкерка во Емпориум Снукер клуб.

Жената го затворала клубот во јужен Велс во Баргоед околу 23:15 кога маскираниот разбојник влетал низ вратата и почнал да „мавта со пиштолот пред нејзиното лице“.

Подоцна било утвредено дека пиштолот е лажен, но во тој момент Ивет верувала дека е вистински. Лук бил чест гост во барот и таму ја запознал Ивен која му ја раскажала животната приказна, како еден член од нејзиното семејство си го одземал животот со пиштол и сега таа многу се плаши од пиштоли.

Во моментот кога разбојникот ѝ се заканил, Ивет му одговорила: „Зошто го правиш ова Лук?“ Тој тогаш ѝ кажал дека пиштолот не е вистински и почнал да ѝ се извинува, па дури и се понудил да ѝ сипе пијалак. Исто така почнал да ја прегрнува, а потоа избегал и се скрил на таванот на неговиот татко.

Мотивот за неуспешниот грабеж бил за да може Лук да обезбеди доза на хероин бидејќи е зависник. Ивет вели дека сѐ уште е потресена од настанот и не може да заспие. Лук добила казна затвор од 8 години, со 4 години без право на условна, како и забрана за приближување до Ивет.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!