Масовна тепачка на родители за време на рагби натпревар на нивните деца. Еден изеде особено многу ќотек!

Навистина е убава слика кога родителите одат да го гледаат своето дете на спортски натпревар, нели? Па, работите се одвиваа малку поинаку во Бризбејн, кога за време на детски рагби натпревар се случи масовна тепачка. До толку брутална, што еден татко заврши во болница за операција на лицето. Убав пример за децата нема што.

Според очевидци, тепачката на трибините што му претходела на ова видео била уште пожестока.

„На тоа видео не е прикажано што навистина се случило, затоа што имаше повеќе тепање на трибината пред дури да се излее на теренот. Видов деца кои летаа, видов дека една дама беше нокаутирана, а едно момче никој не можеше да го спречи буквално да ги фрла децата како кукли.“

Причината била тоа што некој довикувал и советувал од трибините, што не е дозволено. Кога таткото што заврши во болница му кажал на судијата за ова, тепчката пламнала. Полицијата сега уапси 4 мажи, а обвинение има и за повредениот.