Масовна тепачка со кал во Шпанија

Секоја година во селото Лаза, стотици луѓе од цела Шпанија се собираат на денот на фестивалот „Лунс Боралеиро“, за да ја одржат традицијата стара со векови.

Денот започнува наутро со традиционалната „фарапада“, битка на валкани партали кои летаат од различни страни на плоштадот со цел никој од посетителите да не остане со чиста облека. Среде плоштадот има када полна со течна кал, во која учесниците обично ги фрлаат најчистите посетители.