Маж дознал дека неговата сопруга го изневерува со помош на Нетфликс

Корисник на Редит ја нарече својата поранешна сопруга „евтина“ откако преку Нетфликс дозна дека има љубовна афера.

И покрај тоа што е одлична забава, Нетфликс дефинитивно може да биде и причина за расправии, без оглед дали е тоа што им ја дадовте лозинката на премногу корисници или поради неисполнети ветувања дека ќе чекате да ја гледате следната епизода од серијалот заедно.

Повеќето фрустрации предизвикани од услугата за стриминг се релативно мали, но работите станаа лични за еден корисник потпишан како „jakiwi3“ на Reddit, кога неговата сопруга и личноста со која очигледно беше во врска, ја искористија неговата сметка за да ја истакнат својата врска.

Тој споделил фотографија од неговата сметка каде што се гледа дека љубовниците ја смениле емаил адресата за да не може тој повеќе да ја користи. Како тоа да не е доволно, мажот со кој сопругата го изневерува го сменил името на сметката во „Типот кој ти ја е*е поранешната жена“.

Во подоцнежниот коментар, корисникот на Редит укажува дека тој и неговата сопруга се „разделуваат“, што е веројатно причината зошто тој ја нарекува како негова „поранешна“, но тој јасно стави до знаење дека тој „не бил ниту разведен“ кога таа ја започнала врскаат со овој маж.

Корисниците на социјалните мрежи побрзаа да ја покажат својата поддршка, многумина советуваа да стапи во контакт со Нетфликс и да им каже дека не бара да се смени адресата на е -пошта – потег што најверојатно ќе го прекине користењето на неговата поранешна услуга.