Маж кој ja преживеа првата трансплантација на лице во светот сподели емотивни фотографии од својата свршувачка

Во 2018 година, Џо ДиМео заспал зад воланот откако работел ноќна смена. Неговиот автомобил удрил на тротоар, се превртел и експлодирал.

26-годишниот жител на Њу Џерси преживеал само благодарение на двајца случајни минувачи кои го извлекле од пламенот. До моментот кога пристигнал во болница, 80 проценти од неговото тело било покриено со изгореници од трети степен. Тој бил ставен во медицински предизвикана кома два месеци, по што поминал повеќе од 20 реконструктивни операции. На крајот, докторите нашле соодветен донор за трансплантација на лице и раце.

Во август 2020 година, Џо бил подложен на напорна 23-часовна операција за трансплантација, со само шест проценти шанси за успех.

 

По читањето за неговата трагедија, Џесика Коби (33) била инспирирана од позитивниот дух на Џо и му испратила порака на Инстаграм. Двајцата започнале секојдневно да разменуваат пораки, потоа почнале да излегуваат заедно и се заљубиле.

Сега, нивната љубовна приказна премина на следното ниво, откако Џо неодамна клекна на колено и ја побара Џесика за жена. Џесика ја сподели радосната вест на својот Инстаграм профил.

На фотографиите од свршувачката, Џесика носеше елегантен црн фустан и потпетици, додека го покажуваше својот блескав дијамантски прстен. Фотографијата беше насловена: „Секогаш моја љубов“.

 

Џесика претходно изјави за нивната врска: „Започнавме со комуникација на далечина, но потоа се преселив од јужна Калифорнија за да бидам поблиску до него и оттогаш сè е прекрасно. Џо е тивок човек и кога првпат го запознавате, тој најчесто набљудува. Но, тој е многу интелигентен и може да води разговор со секого. Многу ми се допаѓа тоа кај него, бидејќи интелигенцијата и добрата комуникација се многу привлечни. Тој е љубезен, храбар и позитивен, и покрај сè што преживеал. Го сакам Џо, и однатре и однадвор. Тој е смешен, знае што сака од животот и е многу зрел за своите години“.

 

Трансплантацијата на Џо беше медицинско чудо, со оглед на тоа што лекарите му дадоа само шест проценти шанси за успех. Тој е првиот човек во светот кој успешно доби ново лице и две раце од ист донор – анонимен маж од Делавер.

 

Првата трансплантација на лице во светот ја извршија во Франција во 2005 година, но пациентката Исабел Диноар почина 11 години подоцна од рак. Обиди за трансплантација на лице и раце имало двапати претходно, во Париз во 2009 и во Бостон во 2011 година, но не биле успешни.

Благодарение на интензивната терапија, Џо полека ја враќа својата независност и дури повторно вози автомобил. По несреќата што му го промени животот, Џо вели дека научил кој се неговите вистински пријатели.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *