Маж од Флорида, кој „му го отсекол со ножици“ на љубовникот на сопругата, долго ќе остане зад решетки

Маж од Флорида кој го врза љбовникот на својата сопруга и му го отсече половиот огран со ножици е осуден на 20 години затвор.

Алекс Бонила (51) беше обвинет за киднапирање со цел да нанесе телесна повреда  додека бил вооружен со смртоносно оружје и тежок напад со огнено оружје за инцидентот на 14 Јули 2019 година.

Минатиот месец тој се изјасни дека нема спор по овие обвиненија, што значи дека не признал вина за злосторствата, но му дозволи на судот да му одреди казна за обвиненијата.

Окружниот суд во Гилкрест, Флорида, на таткото на пет деца, кој е вработен како млекар, му изрече 20-годишна затворска казна, 10 години условна казна и му беше наредено да плати повеќе од 251 000 американски долари

 

Бонила е во затвор од Јули 2019 година, кога беше уапсен за наводно осакатување на 32-годишниот љбовник и  сосед на неговата сопруга во неговиот дом во Гејнсвил, Флорида.

Канцеларијата на шерифот во округот Гилкрист соопшти дека жртвата се јавила во полиција околу 11 часот на 14 Јули 2019 година и рекол дека Бонила, кој бил негов сосед, упаднал во неговиот дом вооружен со пиштол.

Жртвата тврди дека Бонила му рекол ако се обиде да се спротистави, тој ќе го убие. Оттаму, се вели дека Бонила ја натерал жртвата да оди во спалната соба, го врзал, а потоа „со ножици насилно го отсекол пенисот на жртвата“. Записите покажуваат дека Бонила го зел отсечениот дел и истрчал преку улицата до неговиот дом.

Лекарите не биле во можност повторно да го прикачат половиот орган на жртвата, оставајќи го оженетиот татко на две деца да неможе да уринира нормално или да имаат односи со неговата сопруга, според судските документи.

Службениците рекоа дека Бонила открил дека жртвата има сексуални односи со неговата сопруга околу два месеци пред тоа.

Претходно, Бонила тврдеше дека на денот на конфронтацијата го видел неговиот сосед како гледа во неговата куќа и решил да оди да разговара со него.

Бонила тврдеше дека разговарале во спалната соба на жртвата, тој му рекол на својот ривал: „Треба да се држите настрана од мојата сопруга и да ја оставите на мира“, што, наводно, го налутило другиот човек и го навело физички да се справи со Бонила.

„Обвинетиот изјави дека потоа се му станало темно и не се сеќава на ништо од тој момент се додека не бил на работа и не бил уапсен“, се вели во документот.

Но, изјавата на жртвата пред властите раскажа поинаква приказна.

Според осакатениот човек, на денот на нападот, Бонила влегол во неговиот дом без дозвола, додека жртвата правела појадок за неговите две ќерки.

Стоејќи на вратата со пиштол подметнат под раката, Бонила му рекол: „Дојдов овде да поправам нешто“, а потоа го одведел до спалната соба и ја затвори вратата зад нив.

Оттаму, жртвата тврди дека Бонила го врзал и му ја соблекол долната облека пред да врзе гумена лента околу основата на пенисот на жртвата и го пресекол со ножици.

 

Судските записи покажуваат дека пријателите и роднините на Бонила му пишале на окружниот судија барајќи милост, вклучувајќи го и едниот од неговите синови кој рекол дека му треба татко му дома да му помогне на домаќинството финансиски и да и помогне на неговата помлада сестра да научи да чита.

Обвиненијата за злоупотреба на деца поврзани со траумата на настанот против Бонила беа отфрлени.

Бонила емигрирал од Салвадор, Бразил, во САД во 1990 година и работел во млекарница 20 години. Тој има две деца од првиот брак во неговата родна земја и три деца со неговата втора сопруга.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!