Маж од Тексас открил дека е оженет без да знае – благодарение на пакет од поранешната свршеница
42-годишен маж од Тексас останал шокиран кога по прекинот на врската со својата свршеница открил дека легално се оженил со неа – без да присуствува на венчавка или дури да знае дека бракот се случил.
Според извештајот на Fox 44, Кристин Мари Спирман (36) му испратила на својот поранешен подарок од Bath & Body Works, кој содржел неколку производи и копија од официјално заверен брачен сертификат со нивните имиња, на 13 јуни. Во пакетот имало и фотографија од Спирман како држи документ што потврдува дека тие се законски венчани.
Љубовта завршила, но таа одлучила да продолжи со бракот – сама
Жртвата, чие име не е објавено, признал дека на 2 јуни заедно со Спирман отишле во општината за да поднесат барање за брачен сертификат, но никогаш не стигнале до олтарот. Се скарале кога мажот ѝ рекол дека не сака повеќе да биде во врска.
Но Спирман очигледно имала поинаков план.
Шефот на полицијата во Беверли Хилс, Кори Мартин, изјавил дека Спирман успеала зад грб на поранешниот да убеди свештеник да завери венчавка, иако тој не присуствувал, ниту знаел за церемонијата.
„Во 23 години работа не сум слушнал за некој што успеал да се ожени со некој кој не бил присутен“, рекол Мартин.
Откако свештеникот потпишал лажна венчавка, Спирман го однела заверениот документ до општината и официјално го пријавила бракот.
Жртвата за бракот дознала неколку дена по раскинувањето.
„Разговарав со жртвата и тој сега се соочува со долготраен процес за да го поништи овој брак“, изјавил шефот Мартин. „Тоа отвора многу други прашања – не само за безбедноста и имотот, туку и за тоа што треба да се направи за да се исправи ситуацијата.“
Спирман е уапсена и обвинета за прогонување, класифицирано како кривично дело од трет степен според законите на Тексас.
Коментирај анонимно