Маж поминал 20 години во затвор поради притисок од полицијата, но виновникот е конечно откриен

Еден човек во Јужна Кореја кој 20 години ги поминал во затвор поради „грешка“ конечно е ослободен откако е откриен идентитетот на вистинскиот сериски убиец.

Во 1988 година 13-годишно дете било силувано и убиено во својата спална соба во Хвасеонг, рурална област во близина на Сеул. Смртта на тинејџерката била една од 10-те убиства во областа меѓу 1986 и 1991 година.

Животот на Јун Сеонг Јео, кој сега е во своите 50-ти години од животот се промени откако вистинскиот виновник си ја признал вината. Поточно серискиот убиец Ли Чун-је ги признал сите убиства.

Вистинскиот сериски убиец

Пресудата на судијата утврди дека полицијата користела тортура, како што е лишување од сон и незаконско притворање, за да го принуди Јун да признае злосторство. Јун, кој во тоа време имал 22 години, бил врзан со лисици во соба три дена без храна и му било забрането да заспие.

„Како член на судството, му се извинувам на обвинетиот, кој претрпе големи физички и психички болки, за нефункционирање на судот како последен бастион на човековите права.“, изјавил судијата Парк Јеонг-је.

Јун, кој со години тврдеше дека е невин, рече дека бил ослободен од исходот на повторното судење. „Можам да го намалам овој тежок товар што го носев 30 години и да се одморам“, рече тој.На Јун му беше дозволено повторно судење откако полицијата минатата година направи голем пробив во случајот.

Нови докази за ДНК поврзаа некои од убиствата во Хвасеонг со Ли Чун-је, осуден убиец, кој е во затвор од 1994 година за силување и убиство на неговата снаа. По откритието, тој ги признал сите 10 убиства и уште четири други за кои полицијата не дава детали.