Маж потрошил 375.000 долари на покемон картички, а потоа ја дознал суровата вистина

Крис Камило дознал дека на продажба е првото издание од покемон картички и сакал да ги купи по секоја цена. Јутуберот потрошил 375.000 долари за неотворените картички, а подоцна реалноста го удрила во лице. Пренесувајќи во живо преку неговиот канал на Јутјуб, тој и неговите соработници го снимале целиот процес, кој траел скоро еден час, додека додека се подготвувале да го отворат запечатеното пакување.

Меѓутоа, откако првичното запечатување на надворешната кутија се чинело добро, се случила трагедија кога тој почнал внимателно да ги отстранува пакувањата запечатени картички. Проблемот? Тие воопшто не биле добро запечатени откако еден набљудувач забележал две исти корици и различни бои. Веднаш потоа сфатиле дека некои картички воопштон не се затворени и дека не станува збор за „премиум“ картички туку за сосема обични.

Крис сакал да му се вратат парите за картичките и вели дека приказната се уште не е завршена. Тој претходно дури и ја фотографирал актовката со парите која требала да биде разменета за картичките.