Маж се вратил дома од болница откако го победил ракот и ја начекал сопругата со друг

Еден човек од Велика Британија раскажал како го победил ракот во стадиум 4 и ја фатил својата сакана како го изневерува на денот кога бил отпуштен од болница.

На Том Гарод, од Велс, во 2004 година, лекарите откриле дека има агресивен стадиум IV на рак. И покрај фаталната дијагноза, мажот не изгубил верба и веднаш почнал да се лекува. Тој помина низ месеци на хемотерапија и стероидни третмани и болеста се повлекла.

Меѓутоа, кога Британецот исцрпен од лекувањето се вратил дома, каде требало да го пречека неговата сакана, ја нашол во кревет со друг. „Бев само шокиран. Искрено, кога ми ја кажаа дијагнозата, не се чувствував толку лошо “, рече Гарод.

Британецот рекол дека откако го изневерила саканата, паднал во депресија, почнал да пуши и да пие многу, обвинувајќи се себеси за тоа што се случило. „Но, тогаш нешто се случило. Јас не знам што. Само се сеќавам дека седев на работ од прозорецот, ја гасев цигарата и си реков: „Доста е“, се сеќава човекот.

Оттогаш тој целосно го променил животот и запознал девојка во која се заљубил. Гарод, кој сега има 44 години, призна дека сè уште има депресивни епизоди поради болни сеќавања, но научил да се справува со психолошките тешкотии. Покрај тоа, Гарод решил да почне да им помага на луѓето кои биле во слична ситуација. Тој веќе двапати има трчано хуманитарни трки низ Велс за да собере пари за основањето на болницата во Лондон на Кралскиот колеџ.