Маж сподели емотивна приказна за тоа како жената која го посвоила пред 30 години целосно му го променила животот

Не мора да носите наметка, да го спасите светот од вонземјани или да можете да кренете автомобил со голи раце за да станете херој во туѓа приказна. Понекогаш, сè што е потребно е многу љубов и грижа, работи што се доволно моќни за да го превртат животот наопаку.

И тоа е токму она што се случи во оваа приказна. Еден човек одлучи на социјалните мрежи да ја сподели својата животна приказна и да покаже колку е важна улогата на еден родител во животите на децата. Овој човек и неговиот брат завршиле во дом за сираци на многу рана возраст и додека неговиот брат од почетокот имал повеќе среќа, овој човек требал да почека неговата да простигне.

„Мојот брат и јас бевме сместени во домови за грижа на многу рана возраст. Тој имаше среќа и заврши кај семејството Рипли. Јас поминав 4 различни домови за 3 години и секој беше полош од претходниот. Ми беше дозволено да го гледам брат ми на неколку месеци. Госпоѓа Рипли нѐ носеше на ручек во Мекдоналдс и тогаш прв пат ги забележа лузните по моето тело.

Таа веднаш договори да му се придружам на семејството. Тогаш зборот „семејство“ не ми значеше многу. Но, Рипли ми посакаат добредојде во домот. Кога ќе направев нешто погрешно Госпоѓа Рипли ќе ме седнеше и ќе ми објаснеше зошто не треба така.

Но тогаш ќр ми речеше: ‘Не одиш ти никаде. Затоа што припаѓаш со нас.’Кратко откако се придружив на семејството господин Рипли беше дијагностициран со рак. Подоцна таа година почина и светот на госпоѓа Рипли се распадна. Тие биле заедно од средно училиште. И сега остана сама со две деца. Никој немаше да ја обвини доколку не вратеше, но таа не однесе на суд и официјално не посвои. Сите тројца живеевме во приколка во Мисисипи и таму нѐ одгледа. Работеше секаква работа. Немавме многу но имавме за во кино.

Имавме вечери за семејни игри. Не праќаше да играме фудбал и во извидници. Мора да е била под огромен стрес но не ни го покажуваше тоа. Само се сеќавам на охрабрувањата: ‘Ти си паметен, ти си убав, ти си силен затоа што го преживеа ова.’

Плачеше кога се придружив на Маринците, но знаеше дека тоа ми е најдобра можност за факултетско образование. На крајот дипломирав на Правен.

Минатата година добив своја ќерка. Сфатив како секоја мала одлука може да направи разлика во нејзиниот живот. И почнав да размислувам колку различен можел да биде мојот живот. Би требало да сум скршен, но не сум. Затоа што пред 30 години мојата МАЈКА одлучи да ме задржи. И некако и покрај сета тага и скршено срце преточи доволно љубов во мене за да можам да закрепнам.“