Маж влегол во бркотница со полицијата возејќи 140 километри на час бидејќи заборавил дека всушност не го крши законот

Човек кој „испаничил“ откако видел полициски автомобил предизвика бркотница со полицајците бидејќи „заборавил“ дека законски му е дозволено да вози.

25 -годишниот Зак Палмер го положи својот возачки испит само неколку недели пред инцидентот, откако неодамна излегол од затвор, но тој заборавил на фактот дека има возачка дозвола и избегал од полицајците, што сакале да го сопрат поради возење без светла, возејќи 140 километри на час по тесните улици надвор од Бирмингем, Англија

Полицајците тргнале по виновникот кој за малку ќе се судрел со другите возила откако влегол во кружен тек во спротивен правец. Бркотницата траела околу три минути, а Палмер, кој во тоа време имал дете во автомобилот, се предал на полицијата со кренати раце.

Се испостави дека тој всушност не направил ништо лошо, полицајците откриле дека тој ги има потребните документи и дека не е под дејство на алкохол или дрога.

„Иронијата е во тоа што тој го положи својот тест неколку недели пред овој инцидент. Го заборавил тој факт и се реагирал како што правел претходно кога го следела полиција“, рече неговиот адвокат пред судот.

Судијата се согласи да го поштеди Палмер од затвор, наведувајќи ги неговите напори да го „промени животот“.

Но, тој рече дека прекршокот мора да се сфати „сериозно“ бидејќи Палмер го загрозил животот на детето во неговиот автомобил.

На Палмер му беше изречена условна казна од 12 месеци и му беше забрането да вози две години.