Маж заврши во затвор откако почнал да фрла пари од прозорецот на неговиот стан
Полициски службеници во Кина уапсиле маж откако тој направил „дожд од пари“ за случајните минувачи под неговата зграда. Причината? Дефинитивно не здравиот разум. 29-годишниот маж, чие име е Баи бил во својот стан на 30-тиот кат во областа Шапингба, Чонгкинг, во југо-западна Кина. Полицијата подцна заклучила дека човекот бил под дејство на метамфетамин и целосно бил во „транс“ кога ги фрлал парите.
Луѓето кои биле сведоци на глетката останале збунети, затоа што не им било јасно од каде доаѓаат парите, но застанувале и возачи сос воите автомобили за да ги соберат банкнотите. По социјалните мрежи веднаш почнале да кружат гласини дека парите ги фрла некој нивен „локален“ милионер кој е смртно болен. Секако ова би било поемотивна приказна, но за жал станува збор за Баи, кој и не бил свесен што всушност прави.
Баи бил приведен под обвинение дека консумирал наркотици и добил соодветен третман во болницата. Се уште не се знае што ќе се случува со него понатаму.
