Маж заврши во затвор откако „вложил“ 3,9 милиони долари позајмени од државата во „погрешни цели“

Дејвид Т. Хајнс од Мајами имал среќа да добие помош од државата за неговиот бизнис кој страдал за време на кризата со коронавирусот. 29-годишниот човек добил великодушни 3,9 милиони долари, во вид на специјален заем, но наместо да биде благодарен и соодветно да ги потроши парите за неговиот бизнис да застане на нозе Дејвид малку се „занел“ во трошењето.

Меѓу другите екстравагантни трошоци, Дејвид си купил Lamborghini Huracán кој го чинел околу 318.000 долари. Оттогаш, владата ги заплени сосема новиот луксузен спортски автомобил, а исто така ги земале и парите од неговата сметка, поточно 3,4 милиони долари.

Покрај екстравагантниот автомобил, Хајнс ги користел парите за сајтови за елитна „придружба“, накит, скапа облека како и ноќевана во скапи хотели низ Мајами. Ова, се разбира, не беше она за што беше наменета програмата за заем, со финансирање ставено на располагање за основните трошоци, како што се заштита на вработените и плаќање на кирија.

Според Министерството за правда Хајнс лажел за да го земе заемот, правејќи „бројни лажни и заведувачки изјави“ за трошоците за платите на деловните активности и на вработените. Тој е обвинет за измама во банка, една точка за давање лажни изјави на финансиска институција и уште една точка за вмешаност во трансакции во незаконски приноси. Доколку биде осуден го чекаат дури и до 70 години затвор.