Маженствениот Џејсон Мамоа открива кој е „газда“ во неговиот дом, и не, не е тој самиот
Познат е по својот „мачо“ имиџ на акционен херој, но се чини дека домашниот живот на Џејсон Момоа е далеку од оној на страшниот воин на Дотраки.
За време на неодамнешното интервју за магазинот Men’s Health, 42 -годишниот Момоа ни откри нешто повеќе за динамиката на неговата врска со Лиза Бонет.

Sездата на Акваман е во брак со Бонет (53) од 2017 година, по 12 годиншна врска. Двојката има две деца, ќерката Лола и синот Накоа-Волф.
Истакнувајќи ја разликата помеѓу ликовите што ги толкува и неговиот вистински карактер, Момоа се пошегува:
„Можеби изгледам силно и маженствено, но не сум. Јас не сум како Кал Дрого. Јас не сум ни крал на мојата куќа! Апсолутно се плашам од мојата сопруга“.
Говорејќи со Џејмс Корден за време на епизодата во шоуто „The Late Late Show“ во 2017 година, Момоа откри дека бил воодушевен од Бонет уште од мала возраст, откако ја гледал во улогата на слободоумната Денис Хакстајл во шоуто „Козби“.

Славниот пар конечно се сретнал лице в лице во Њујоршки џез клуб во 2005 година, и оттогаш се заедно. И покрај шегите на Момоа за страшната страна на неговата сопруга, се чини дека тие се многу среќни заедно.
Бонет, која претходно беше во брак со пејачот Лени Кравиц, исто така зборуваше за нејзината љубов кон сопругот опишувајќи го како „алфа мажјак кој се залага за љубов и семејство“ за време на интервјуто за списанието Портер во 2018 година:
