Маж бил фатен како ја изневерува девојката откако таа забележала нешто необично на неговиот паметен часовник

Никогаш не е убаво кога ќе дознаете дека вашиот партнер ве изневерува, а уште полошо е кога ќе дознаете преку вашиот паметен часовник. Џејн Слатер, спортска новинарка, сподели приказна како го фатила нејзиното поранешно момче дека ја изневерува.

Поранешното момче на Џејн и купило паметен фитнес часовник Фитбит за Божиќ откако таа му кажала дека ѝ се допаѓа неговиот. Тој не ни можел да претпостави дека токму тој подарок ќе доведе до распаѓање на врската.

Со цел да се мотицираат во вежбањето тие решиле да си ги синхронизираат часовниците и да си ги споредуваат резултатите и кога не вежбаат заедно. Замислете колку била изненадена Џејн кога неколку пати во неделата, секако додека не биле заедно ѝ стигнувале известувања дека нејзиното момче троши голем број на калории во 4 ЧАСОТ НАУТРО.

Многу е очигледно дека не бил да трча или да вежба тоа време навечер, но Џејн вели дека тоа и не е најлудата приказна како има дознаено дека момче ја изневерува.

Таа на Твитер раскажа и за поранешно момче кое толку многу се напило што заборавило дека ја поканило да преспие кај него и пијан довел друга девојка навечер. Очигледно Џејн има лош вкус за мажи… или едноставно нема среќа.