Маж цели три години сам си градел „пиратски брод“ и конечно ќе може да заплови

Доколку можевте веднаш да ја напуштите вашата работа и да ги остварите своите соништа, што би станале? Познат уметник, музичар, актер во Холивуд? Или пак би станале пират?

Иан Лоти го замислил токму ова. Тој во 2017 година посакал да стане пират и решил да си изгради и пиратски брод.

По три години неговиот брод е завршен и тој чека временските услови да се подобрат за да може да заплови. Името на бродот е Темен Ангел и Иан е многу горд на него. Тој се надева дека проектот, кој го подготвувал три години во Плимут, ќе помогне да се соберат пари за добротворни цели наменети за децата.

Иан вели дека слободно може да се пофали дека почнал од нула и дека сам без ничија помош го изградил бродот. Поголемиот дел од истиот е изграден со употреба на рециклирани материјали.

Па од каде потекнува инспирацијата на Иан? Па, тој „секогаш“ оди на пиратски фестивали и познава многу луѓе кои „глумат пирати“. Сепак еден ден тој решил да отиде чекор подалеку и да си изгради и брод.