Маж целосно си го истетовирал телото со сина боја и вели дека ова му „дало енергија“ на менталното здравје
Еден Канаѓанец, кој е во крајниот процес секој дел од своето тело да го истетовира со сина боја вели дека тоа го трансформирало неговиот живот и му дало енергија на неговото ментално здравје.
Дони Снајдер (26) од Скарборо, Онтарио, порано управувал со виљушкар, но сега живее во „модифициран автобус“ и продава обетки за да заработи за живот.
Тој не ја сменил само професијата, туку вели дека неговата нова сина боја на телото му дала „обновен оптимизам“ за животот. Тој направил неколку тетоважи и во 2017 година побарал од неговата сестра да му избои дел од стапалото во тиркизна боја и оттогаш не може да престане.
Додека тој вели дека не ги обвинува оние што поставуваат „бесконечни“ прашања затоа што разбира колку „љубопитни“ можат да бидат луѓето, Дони вели дека имал многу „бизарни“ интеракции заради неговата сина боја на кожа. Дони вели дека неговите пријатели повеќе дури и не ја приметуваат сината кожа, додека на неговата мајка ѝ требало повеќе време, но и таа сега го прифаќа синото како „нормално“.
На Дони му останаа уште малку делови од телото кои не се целосно покриени со тетоважи и тој се надева дека наскоро целосно ќе „потоне во синилото“.