Маж кој го нарекуваат „Човечка Сатана“ си стави и „кучешки заби“

Мишел Фаро го Прадо, од Сао Паоло, Бразил, има десетици тетоважи и пирсинзи за да му одговараат на неговиот стил велејќи дека сака да изгледа што е можно „позлобно“.

44-годишниот маж сепак вели дека иако изгледа страшно и како самиот ѓавол сепак не прави лоши работи и го претпочита Бога.

Тој работи како тату-уметник 25 години и се фокусира на црните тетоважи и бруталните тетоважи каде што се тетовира поголем дел од телото. Тој тврди дека има голема толеранција на болка, велејќи: „Мислам дека ништо не е толку болно“ и не му пречи да трпи повеќе болка за да го постигне изгледот што тој го посакува.

Всушност, тој вели дека страда „многу повеќе“ во пост-процедурите отколку во текот на нив, додавајќи: „Вистината е дека има промени што без анестезија ќе биде речиси невозможно да се направат“.

44-годишникот дури отишол на стоматолог за да му ги направи забите да му изгледаат како кучешки, а планира да ги премачкува целосно во метал. Но, и покрај неговиот неконвенционален изглед, Мишел рече дека неговото семејство и пријателите секогаш го поддржувале.

Тој вели: „На моето семејство му се допаѓа ова, кое се сотои од мојата сопруга, синот и уште неколку луѓе од мојот живот кои станаа мое семејство. Сепак, не ми е важно што велат луѓето, јас барам само почит. Јас не го отфрлам конвенционалното општество; Јас го отфрлам неговото лицемерие и непочитување кон оние што се различни.“

Мишел вели дека идејата е тој да стане ремек-дело на неговата сопруга, бидејќи таа е специјализирана за модификации на телото и му помогнала да го постигне својот изглед.