X

Маж кој сакал да биде жесток како бик во креветот им украл од нивните „сини апчиња“ и завршил во болница

Кога повозрасниот господин сфатил дека ќе треба да води љубов со 3-годишна жена решил да земе нешто за да си го „крене расположението“. Но, човечките сини апчиња очигледно не му се доволни на овој шизик, па затоа решил ни помалку ни повеќе да си земе вијагра за бикови.

Но, наместо незаборавната ноќ која ја очекувал, „животното во кревет“ добило неповторлива ерекција која почнала да му предизвикува болки и откако по 3-тиот ден не престанала решил да оди во болница. Тој бил пренесен во болница во граничниот град Реноноса меѓу САД и Мексико.

За да може неговата долга ерекција да си замине, медицинските лица во Специјалната болница 270 морале да извршат итна операција врз човекот, кој, наводно, ја зел „Виаграта за бикови“ за да има успешно сексуално искуство со 30-годишна жена.

Мажот за кој станува збор, наводно, патувал 12 часа во Веракруз, во источно Мексико, за да го набави стимулаторот наменет само да се користи за размножување на добиток. Напредокот на човекот по неговата итна операција засега не е познат. Сепак, медицинските лица објавија фотографија од мажот како лежи на болнички кревет.