Маж направи „фатална грешка“ откако сакаше да го извести шефот дека е болен, но целата држава дозна
Еден локален ТВ метеоролог предизвика „Молете се за Ник“ движење низ целата земја откако само сакал да го извести шефот дека е болен и нема да дојде на работа.
Ник Васос, од Канзас Сити, не се чувствувал многу добро и одлучил да не оди на работа. Наместо да му се јави на својот претпоставен во FOX4 тој мислел дека е подобро да напише е-мејл.
Сепак ова била „огромна грешка“. Наместо да му испрати мејл само на шефот, тој по грешка го испратил мејлот на 197 телевизиски станици низ САД под „Некстар медиа груп“.
Она што на почетокот беше внатрешна комична грешка наскоро излезе на површина на Твитер бидејќи новинарите од целата земја ја споделија грешката на Васос, така што во живо на телевизија му посакуваа побрзо да оздраве, како и на социјалните мрежи.
Да не спомуваме дека Ник добил многу повратни одговори на неговиот мејл од колегите кои му посакуваат да му биде подобро. За да запре сето ова ја блокирале е-поштата на Ник за да не му пристигнуваат известувања. Сепак било предоцна затоа што ефектот #PrayersForNick стана вирален.