Маж пронашол кутија со „напуштени кутриња“ за подоцна сите да сфатат дека станува збор за нешто сосема друго

За жал, не било преголемо изненадување кога во Канцеларијата на шерифот во Северна Каролина Камден, добиле повик дека се пронајдени две многу мали напуштени кутриња.

Но, приказната допрва добила сосема нов тек. Малите ранливи животни биле оставени пред вратата на жителот на округот Камден, Корнелиус Вилијамс, замотани во сив џемпер и ставени во кутија.

Човекот откако излегол надвор и ги видел животните веднаш го известил шерифот за да му помогнат да им најде згрижување. Но, откако заменикот пристигнал во домот на Корнелиус и ги погледнал „кутрињата“ сфатил дека воопшто не станува збор за кучиња.

Малите бебиња се всушност црни мечиња, кои само што се родиле и сѐ уште не ги отвориле своите очи кон светот. Стари најмногу три недели, беспомошните бебиња се премногу мали за да бидат разделени од својата мајка. Ним им била потребна итна грижа за да добијат шанса за преживување.

Мечињата веднаш биле предадени на здружение специјализирано за црни мечки, бидејќи им треба посебен режим на исхрана за да можат да преживеат. Од здружението се надеваат дека откако малку ќе пораснат мечките повторно ќе бидат вратени во шумата.