Маж реши да ја запроси својата љубов од детството така што го прати вереничкиот прстен во вселената

Лиам Бов е со својата сега свршеница, Беки Диксон цели 15 години. 31-годишниот Лиам отсекогаш ја сакал вселената а Беки ја споделувала истата страст со него, уште кога биле тинејџери.

Така тој поминал една година договори и планирања со компанијата „Sent Into Space“ за да го подготви „најсовршеното“ запросување.

По долгото планирање прстенот од Tiffany беше однесен 30.500 метри над Земјата и Беки била запросена со неверојатно видео кое го покажува отварањето на кутијата. Додека прстенот светнува во мометот кога сончевите зраци удираат во него може да се види како накитот патува низ вселената.

Прстенот подоцна „слетал“ во калливо поле во Ешбурн, Дербишир и бил вратен на Лиам заедно со снимките за да може да го испланира запросувањето.

Лиам ја запросил 28-годишната Беки откако ја поканил на прошетка до блиската река. Бели вели дека првин не ѝ било јасно што ќе се случува и помислила дека стануза збор за некаков банџи скок, но потоа била преплавена од емоции.