Маж се напил за Нова Година и посвоил бебе кенгур, а за тоа дознал дури сега
Да сите правиме глупави работи кога сме пијани. Но, која е границата со смешните грешки за време на пијанството? Додека посериознте можат да чинат и живот други чинат само пари и приказна за внуците.
Ваква приказна со сигурност има младиот Пејтон Хаг од Минесота кој во 2020 година влегол мртов пијан и како „татко“ на кенгур.
Тој не приметил откако од јануари на неделно ниво почнале автоматски да му се симнуваат по 5 долари од сметката, бидејќи бил претплатен на повеќе месечни услуги. Но, неодамна сфатил дека парите ги повлекуваат неделно и решил да истражи каде одат тие 5 долари.
Тогаш сфатил дека за новогодишната вечер пронашол сајт за спонзорирање на животни и прифатил да биде спонзор на кенгур по име Попи. Пејтон одлучил да истражува повеќе и дознал дека парите не завршуваат директно за кенгурот туку за маркетинг на организацијата.
Сепак откако добро се информирал на оваа тема студентот не сакал да се откаже. Тој решил да пронајде друга организација која сигурно ќе ги искористи парите и така станал спонзор на два кенгура. Овој пат секако, на трезно и прилично свесно.