Маж веднаш штом положил решил да си го испроба автомобилот, но по 10 минути полагањето падна во вода, буквално

Господин Жанг од Кина само што си ја добил возачката дозвола и возбудено се враќал дома со новиот автомобил кој исто така бил „тазе“ регистриран. Еуфоричен тој го земал мобилниот телефон за да се пофали на пријателите и семејството и почнал да се допишува.

За жал ова била сосема погрешна одлука за новиот возач и по само 10 минути од добивањето на документот, тој го уништи, така што со автомобилот влета во река. За среќа Жанг не претрпел повреди и успеал веднаш да излезе од автомобилот, а луѓето околу него му помогнале. Најверојатно ќе треба да се врати на уште неколку часови…

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.