Мажот кој сѐ ја слушал својата жена (виц)
Доцна во ноќта:
– Драги, ми се пие вода…
Мажот станува од креветот, оди во кујната, полни чаша со вода, се враќа, ѝ ја дава, легнува и заспива.
По кратко време:
– Драги, ми се јаде нешто…
Мажот станува, оди во кујната, вади од фрижидерот замрзната пица, ја пече во микробрановата, ја вади, ја става во чинија, ѝ ја носи на жена си, легнува и заспива.
По кратко време:
– Драги, сакам маж…
– Ти луда ли си? Од каде да ти најдам маж во четири часот во ноќта?