Мажи дали се будите „среќни“ наутро? Ново истражување покажа дека „две будни глави“ водат до повеќе придобивки

Од тоа во каква „состојба“ се будите наутро може да зависи вашето здравје и да биде предзнак за долговечноста.

Мажите кои имаат ерекција наутро имаат помали шанси да умрат од срцеви заболувања или мозочни удари, покажа новото истражување. Научниците прашале до 1.800 средовечни и постари мажи во Белгија колку често добиваат „утринска слава“.

Тие откриле дека оние кои често имале утрински ерекции имале околу 22 отсто помали шанси да умрат од главните убијци. Студијата, објавена во списанието Age and Ageing, објасни дека истражувачите мислат дека ноќните ерекции се знак за добра циркулација.

Д-р Лин Антонио, водечки истражувач и асистент професор по ендокринологија на Универзитетот Католике во Левен, рече: „Еректилната дисфункција и лошата утринска ерекција се поврзани со зголемена смртност“.

„Губењето на утринската ерекција е знак дека вашите артерии не функционираат правилно“, изјави за The Sun д-р Џеф Хакет, поранешен претседател на Британското друштво за сексуална медицина.

„Тоа значи дека сте изложени на значителен ризик од срцев удар или мозочен удар во рок од три до пет години. Ова се однесува на целибатни, слободни мажи – не само на оние кои имаат партнерка“.

Ноќните ерекции на пенисот се случуваат за време на спиењето со брзо движење на очите (РЕМ) – фаза во која сонуваме. Некои мажи може да доживеат и ноќно зголемување на пенисот за време на не-РЕМ спиењето, особено постарите мажи. Причината за ова е нејасна.

Причината зошто мажите се будат со ерекција може да биде поврзана со фактот дека често се будиме излегувајќи од РЕМ сон. Со оглед на тоа што има неколку циклуси на спиење во текот на ноќта, мажите можат да имаат дури пет ерекции на вечер и тие може да траат до 20 или 30 минути.