Мажи си ги убивале сопругите: На денешен ден пред 27 години започна геноцидот за кој никој не зборува денес

Целиот свет зборува за Холокаустот за Нацистите и Фашистите, но ова не е единствениот геноцид кој го има видено оваа планета. Геноцид од блиското минато исто така крие мрачни факти, но ретко кој зборува за него.

За само 100 дена во 1994 година, скоро 1 милион луѓе беа убиени на свирепи начини во Руанда од етнички Хуту екстремисти. Тие беа насочени кон членовите на малцинската заедница Тутси, како и нивните политички противници, без оглед на нивното етничко потекло.

Како започнал геноцидот?

Околу 85% од Руанданците се Хути, но малцинството Тутси веќе долго време доминирало во земјата. Во 1959 година, Хуту ја собориле монархијата Тутси и десетици илјади Тутси избегале во соседните земји, вклучувајќи ја и Уганда. Сѐ започнало на 6-ти април 1994 година откако бил соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.

Екстремистите од Хуту веднаш започнаа добро организирана кампања за колење. Тие ги обвиниле бунтовниците Тутси, предводени од Пол Кагаме и белгиските платеници, за соборувањето на авионот. Иако ова останува мистерија и до ден денес и не се знае кој беше катализаторот на ова крвопролевање.

Како е извршен геноцидот?

Со прецизна организација. Списоците на владините противници им билњ поделени на воените лица кои ги убивале, заедно со сите нивни семејства. Соседите се убивале меѓусебно, а некои мажи биле приморани да си ги убијат и сопствените Тутси сопруги бидејќи им било кажано дека во спротивно ќе ги убијат нив.

Во тоа време, на личните карти имало етничка група на луѓе, па воените лица поставиле блокади на патиштата каде се колеле Тутси, често со мачети што повеќето Руанданци ги чувале околу куќата. Илјадници жени Тутси биле однесени и чувани како се*суални робинки. Наведено е дека околу 800.000 луѓе ги изгубиле животите, но се верува дека бројката е многу поголема.

Како завршило?

Добро организираниот РПФ (Фронт на Патриоти, Руанда), поддржан од армијата на Уганда, постепено заземаше поголема територија, сè до 4 јули 1994 година, кога нивните сили тргнаа кон главниот град Кигали.

Околу два милиони Хуту – и цивили и некои од инволвираните во геноцидот – потоа избегале преку границата кон Демократска Република Конго, во тоа време наречена Заир, плашејќи се од одмазднички напади. Другите заминале во соседна Танзанија и Бурунди.

Групите за човекови права велат дека борците на РПФ убиле илјадници цивили Хуту додека ја преземале власта, но секако тие го негираат тоа.

Дали некој се соочил со правдата?

Меѓународниот кривичен суд беше формиран во 2002 година, долго по геноцидот во Руанда, па не можеше да им се суди на одговорните. Наместо тоа, Советот за безбедност на ООН основаше Меѓународен кривичен трибунал за Руанда во танзанискиот град Аруша за да ги гони водачите.

Вкупно 93 лица беа обвинети и по долги и скапи судења, десетици високи функционери во поранешниот режим беа осудени за геноцид – сите тие се Хуту. Во рамките на Руанда, судовите во заедницата, познати како гакака, беа создадени за да се забрза гонењето на стотици илјади осомничени за геноцид, во очекување на судење.

Велат дека до 10 000 луѓе починале во затвор пред да бидат изведени пред суд.

За една деценија до 2012 година, 12 000 судови  „гакака“ се состануваа еднаш неделно во селата низ целата земја, честопати на отворено на пазар или под дрво, судејќи повеќе од 1,2 милиони случаи.

Нивната цел беше да ја постигнат вистината, правдата и помирувањето меѓу Руанданците, бидејќи „гакака“ значи да седнеме и да разговараме за некое прашање.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!