Мажите не ги паметат важните датуми (виц)

Рано на сабајле, жената подготвила појадок за мажот, пред тој да тргне на работа. Седнува тој на масата, а таа му вели:
– Сигурна сум дека не памтиш кој ден е денес.
– Глупости, многу добро знам кој ден е денес! – одговара сопругот и тргнува на работа. Во 10:30 на вратата некој ѕвони. Жената отвора и гледа на прагот букет прекрасни рози. Во 13:00 повторно се ѕвони. Овој пат на прагот наоѓа кутија со омилените чоколдни бонбони. Во 15:00 повторно се ѕвони. Овој пат – кожното палто за кое мажот велел дека е неразумно скапо.
Вечерта мажот се враќа дома и жената му вели:
– О срце мое! Прво цвеќиња, па бонбони, па дури и кожното палто! Ова е најубавиот именден на тетка ми во мојот живот!