Мажот брзал дома за да готви (виц)

Се сретнале двајца другари после подолго време и после стандардното кај си што си, едниот предложил:
– Брат, сега двајцата сме на работа, ајде да пиеме по едно пиво после работа.
– А не можам, брзам да се вратам дома, да готвам.
– Па чекај бе, ти нели си женет?
– Да.
– Да не е нешто болна жена ти?
– Не е болна бе, гладна е.