Мажот и згодната плавуша во супермаркет (виц)
Млад човек стои во ред во супермаркет кога зад себе забележува згодна русокоса која му мавта и му се смешка. Се изненадува што таква убавица му мавта токму нему и, иако му изгледа некако познато, не може да се сети од каде ја знае, па ја прашува:
– Извинете, ние се познаваме?
Таа му одговара:
– Можеби грешам, но мислам дека вие сте таткото на едно од моите деца!
На момчето веднаш му се враќа филмот на единствениот пат кога ја изневерува сопругата, па вели:
– Боже, ти ли си онаа стриптизета од мојата момачка вечер, со која имав секс на билијардската маса додека другарката ти ме удираше по задникот со мокар целер и ти туркав краставица во задникот?
– Не – му одговара таа. – Јас му предавам англиски на вашиот син.


Коментирај анонимно