Мажот ја терал жена му инфлуенсерка да работи низ дома наместо да снима видеа, па таа повикала полиција: „Немав време да снимам Instagram reels“

Таа се почувствувала како нејзината кариера на социјалните мрежи да е ставена во домашен притвор.
Додека многумина ги обвинуваат социјалните мрежи за нарушување на секојдневието, кај некои е токму спротивното – секојдневните обврски го нарушуваат нивното присуство на мрежите. Таков е случајот со жена од Индија која пријавила во полиција дека ѝ опаднал бројот на следбеници на Инстаграм затоа што сопругот ја терал да ги завршува домашните обврски, наместо да се посвети на својата инфлуенсерска работа.
„Немав време да снимам рилс“, изјавила жената, позната како Ниша, во полициската станица, пренесува Independent.

 

Мажот ја терал жена му инфлуенсерка да работи низ дома наместо да снима видеа — па таа повикала полиција: „Немав време да снимам Instagram reels“

Изгубени следбеници поради миење садови

Ниша, која доаѓа од областа Хапур во индиската сојузна држава Утар Прадеш, е активна инфлуенсерка на Инстаграм, објавувајќи дури и по две видеа дневно. Но нејзината кариера на социјалните мрежи наишла на пречка кога нејзиниот сопруг, Виџендра, ѝ предложил да го намали времето поминато на Инстаграм и повеќе да се фокусира на домашните обврски, пренесува News18.
Кога се согласила, Ниша забележала дека изгубила два следбеници на Инстаграм – за што директно го обвинила сопругот.
„Ми падна бројот на следбеници бидејќи тој ме тераше да мијам садови и да чистам дома“, се пожалила Ниша пред полицијата.
По расправија, Ниша го напуштила домот и заминала кај родителите во градот Пилкхува, каде што и поднела официјална полициска пријава.

 

Изгубени следбеници поради миење садови

Контраобвинувања и распаднат брак

Но Виџендра не останал без реакција – тој поднел контрапријава тврдејќи дека опсесијата на сопругата со социјалните мрежи довела до запоставување на домашните обврски. Според него, Ниша дури му се заканувала дека ќе го напушти доколку ѝ забрани да објавува „рилс“ видеа.
„Кога ја слушнавме и страната на сопругот, се вклучивме како посредници и им понудивме советување“, изјави Аруна Рај, шефица на полициската станица. Таа додаде дека Ниша ја повлекла пријавата по разговорот.
Иако случајот е правно затворен, парот сè уште живее одделно, пренесува News18.
Во меѓувреме, Виџендра останал без работа како последица од јавниот конфликт и, наводно, сè уште се мачи да најде нова.

 

Контраобвинувања и распаднат брак

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *