Мажот кој помина 20 години во затвор конечно е ослободен, а вистинскиот виновник му е најблиската личност во животот

Кевин Дугар беше ослободен од затворот во округот Кук во Чикаго. 44-годишникот беше осуден во врска со пукањето на член на ривалска банда во 2003 година и скоро 20 години остана во затвор.

Најверојатно Кевин немаше долго време да види „бел ден“ доколку не беше неговиот брат близнак Карл Смит. Карл конечно му направи „услуга“ на својот брат близнак и призна дека всушност тој го извршил делото и лажно се претставувал како неговиот брат за да подоцна да го обвинат него.

„Во зградата на Кривичниот суд во Лејтон, Смит изјави пред судот дека е „тука да го признае злосторството за кое [Дугар] е погрешно обвинет“, пишува The Independent.

Смит рече дека додека растеле се однесувале како едно. „Каде што бев јас, тој беше и се однесувавме како една личност. Тој се преправаше дека сум јас, а јас се преправав дека сум тој“, објасни тој.

Пред да се исповеда на суд, Смит му напишал писма на својот брат „да признае“ и да „моли“ Дугар да му прости.

„Јас сум тој што ги застрела и уби тие два Црни камења на Шеридан таа ноќ. Причината зошто не реков во тоа време беше затоа што не најдов и не можев да најдам сила да го сторам тоа во тоа време“, се вели во писмото.

Првично признанието на Смит беше прогласено од судија како неверодостојно, иако одлуката подоцна беше сменета од апелациониот суд.

По неговото ослободување од затвор, адвокатот на Дугар, Роналд Сафер, изјави за New York Post колку е „пресреќен“ неговиот клиент што е слободен. „Но, [тој] се прилагодува и на свет кој е сосема поинаков од светот што го напушти пред 20 години кога беше уапсен за ова злосторство што не го изврши“, рече тој.

Од неговото ослободување во средата, Дугар се наоѓа во станбена преодна установа, каде што ќе остане 90 дена по неговото ослободување.