Мажот се буди претепан после јака пијанка (виц)

Утро. Маж се буди со тежок мамурлак, оди во бањата, се погледнува во огледало и што да види, окото помодрено, устата отечена, а кога ја отвора, гледа дека му фали еден заб. Испаничен вика по жената:
– Жено, се исплаши ли сношти кога ме виде каков се вратив, целиот модар и без еден заб?
– Не бе душо, ти кога се врати си беше во ред!