Мажот со новите чевли (виц)

Един маж си купил нови чевли, од мерак ги облекол уште во продавницата. Се враќа среќен дома и уште од влезната врата ѝ вика на жена си:
– Жено, да не гледаш нешто ново кај мене?
– Не! – одговара таа, без да го погледне.
– Како не?! Ај погледни поубаво!
– Што е ново бе? Не гледам ништо…
Мажот нервозно оди во спалната, се соблекува гол како од мајка роден, само ги остава чевлите на нозете. Повторно се враќа кај жената:
– А сега? Сега гледаш ли нешто ново кај мене?
– Еее, и што е ново? Пак ти е спуштен!
– Не е спуштен, туку ми ги гледа новите чевли!
– Е па требало да си купиш нова капа тогаш!