Мажот што купувал тампони за жената (виц)

Маж со загрижено лице шета низ полиците на еден голем супермаркет. Една девојка од персонал доаѓа кај него и го прашува:
– Господине, да ви помогнам да пронајдете нешто?
– Да, барам тампони за мојата сопруга.
Девојката го упатува на вистинското место, го остава, и оди на касата.
После 5 минути, човекот се појавува на касата со пакување памук и завои и ги остава пред зачудената продавачка. Таа му вели:
– Но, ви покажав каде се тампоните!
А мажот ѝ одговара:
– Сега ќе ви објаснам во што е работата. Вчера жена ми беше да пазарува и требаше да ми купи една штека цигари. Кога се врати дома ми донесе пакетче тутун и ризла, затоа што било поевтино да си ги виткам сам. Сега и таа нека си ги витка сама!