„Ме болеше стомак и мислев дека ми пукна слепото црево – 40 минути подоцна ја родив мојата ќерка Талија“

Жена од Шкотска доживеала шок кога поради болки во стомакот, за кои мислела дека се предизвикани од слепо црево, открила дека е бремена и се породила само 40 минути подоцна. Анна Џексон, 22 години, од Стерлинг, Шкотска, почувствувала болки кои првично ги припишала на менструални грчеви. Кога болките се засилиле, таа и нејзиниот партнер Еуан Смит отишле во болницата „Forth Valley Royal“ во Ларбер, мислејќи дека станува збор за итен медицински случај.

 

 

 

Лекарите забележале оток на стомакот и побарале Анна да направи тест за бременост, кој излегол позитивен. Иако првично била збунета, лекарите ја информирале дека е во фаза на породување. Само 40 минути по шокантната вест, на 22 март 2024 година во 3:53 часот, Анна ја родила својата ќерка Талија Смит, тешка 3.2 килограми.

 

 

Анна изјавила дека немала никакви симптоми на бременост и дека ја водела својата секојдневна рутина како и обично, патувајќи, забавувајќи се и без да забележи никакви значителни промени. Поради контрацепцијата што ја користела, не добивала менструација веќе неколку години и сите промени ги припишувала на хормонални влијанија.

 

 

Додека се прилагодуваат на неочекуваното родителство, Анна и Еуан добиле голема поддршка од семејството и заедницата, кои им подариле опрема за бебето. Анна признава дека првите неколку месеци биле предизвик, но сега со гордост истакнува дека Талија е среќно и љубопитно дете со голем карактер.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *