„Ме однесоа во болница затоа што ме болеше желудник – се разбудив во болничкиот кревет со живо и сосема здраво бебе во рацете“
Повеќето жени дознаваат дека се бремени во првите неколку недели, бидејќи утринската мачнина, екстремниот замор и растечкиот стомак се непогрешливи знаци. Сепак, постојат исклучоци, како што е случајот со 24-годишната Англичанка Кејли Тили, која дознала дека е бремена само неколку часа пред да се породи.
Тили и нејзиниот партнер Џером биле во врска само една година и воделе активен живот без никакви знаци дека таа очекува дете. Во интервју за „This Morning“, таа открива дека не почувствувала никакви промени, ниту се чувствувала болна, сè до неколку недели пред раѓањето на ќеркичката Холи.
„Само две недели пред тоа ми беше навистина лошо“, објаснува Тили, мислејќи дека има проблеми со желудникот. Неколку дена подоцна, симптомите исчезнале и таа продолжила со секојдневните обврски. Меѓутоа, на Бадник, ја разбудиле силни болки во стомакот, па итно била пренесена во болница. Таму дознала дека е во осмиот месец од бременоста и дека породувањето ќе започне за неколку часа.
Нејзиниот партнер бил во ходникот кога докторите ја соопштиле оваа вест.
„По 45 минути почнав да се загрижувам и побарав да ја видам. Кога влегов, таа беше бледа и ми рече: „Ми кажаа дека се пораѓам. Јас останав шокиран“, раскажува Џером.
Иако Тили е ситна по телосна градба, не забележала никакви физички промени, не се здебелила, а продолжила и со вообичаените активности како рафтинг и ноќни излегувања. Сепак, нејзината ќерка Холи се родила сосема здрава.
Овој феномен се нарекува криптична бременост и се случува во еден од 250.000 случаи. Тој се јавува кога жената нема класични симптоми на бременост, има неправилни менструални циклуси или дури продолжува да има крварења што наликуваат на менструација.
Иако веста била изненадување за младата двојка, тие се пресреќни што Холи е дел од нивниот живот, исто како и нивните блиски, кои исто така останале без зборови пред неочекуваното пристигнување на бебето.

Абе ти да не си новата Марија и бебето новиот Исус?!
Само таа, Марија зачна од Духот Божји и роди син божји!!!
А, ти од кој Дух зачна та не беше свесна за тоа?!
Убава приказна си креирала девојко…
Коментирај анонимно