„Ме уби од удар од гром — еве што се случува откако ќе умреш“
Верувате ли во живот после смртта?
Иако постојат бројни теории и верувања за задгробниот живот, еден човек посебно инспирира луѓе да не се плашат од смртта – бидејќи самиот преживеал неколку блиски средби со неа.
Шансите да ве удри гром се помали од еден на милион – но токму тоа му се случило на поранешниот американски маринец и бизнисмен Денион Бринкли во 1975 година.
Содржина:
Удар од гром и привремена смрт
„Громот влезе во мојата глава над увото, се спушти низ ‘рбетот“, изјави 74-годишниот.
„Ме фрли во воздух, го видов таванот, па ме тресна долу. Огнена топка пролета низ просторијата и ме заслепи. Горат делови од мене. Во пламен сум. Парализиран сум“, се сеќава тој.
Откако бил пренесен со амбуланта, лекарите го прогласиле за мртов. Но, речиси 30 минути подоцна, се разбудил – во мртовечница. Според неговото сведоштво, душата му го напуштила телото и привремено ја напуштил оваа реалност.
Додека го опишуваше моментот кога „го напуштил телото“, Бринкли раскажуваше сцени што многумина ги поврзуваат со смртта: силна светлина и брзо прелистување на целиот живот.
По две долги години, повторно научил да оди. Но неговите искуства со смртта не завршиле тука.
Втора шанса – и средба со „небесни инструктори“
Повеќе од десет години подоцна, за време на операција на отворено срце, Бринкли повторно се соочил со смрт.
На задната страна од неговата книга „Saved by the Light“ (Спасен од светлината), објаснува дека при втората блиска средба, бил „повторно обединет со неговите ангелски инструктори“ и добил увид како да ги користи своите нови психички и духовни дарби за да им помага на луѓето кои умираат или се очајни.
Иако имало скептици кои го оспорувале, неговите доживувања имаат поддршка од одредени научни кругови.
„Има докази за нормална, па дури и речиси нормална мозочна активност до еден час по реанимација“, изјави д-р Сем Парнија, професор по медицина на NYU Langone Health.
„Не само што ги детектиравме маркерите на јасна свест, туку и докажавме дека тие доживувања се универзални и различни од соништата, халуцинациите и заблудите“, објасни тој, повикувајќи се на извештај на Медицинскиот факултет „Гросман“ при NYU.
Живот после смртта – или само продолжение?
Бидејќи добил повеќе шанси за живот, Бринкли денес ја користи својата приказна за да инспирира други.
„Кога ќе сфатиш дека не умираш, дека си духовно суштество и дека нема да одиш во пеколот – тоа е доволна причина да се промениш“.
Денес, 74-годишниот советува терминални пациенти и други ветерани, охрабрувајќи ги да не се плашат од крајот.
И, по сè што му се случило, како размислува Бринкли за задгробниот живот?
„Никој не умира. Тоа никогаш не се случува. Тоа не е дел од природата на реалноста“, вели тој.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно