Мечка брка зајак на Пелистер (виц)

Мечката го брка зајакот на Пелистер. Зајакот бега преплашен за својот живот, но мечката е побрза и таман да го фати, наеднаш пред нив се појавува Самовила. Таа им вели дека ќе им исполни по 3 желби.
Мечката почнува прва:
– Посакувам сите мечки на цел Пелистер да се женски, а само јас машко.
Пинг – се исполнува желбата.
Зајакот:
– Јас сакам нов мотор.
Пинг – се исполнува желбата.
Мечката по кратко размислување:
– Посакувам сите мечки во цела Македонија да се женски, а само јас машко.
Пинг – се исполнува желбата.
Зајакот:
– Посакувам една кацига за моторот.
Пинг – се исполнува желбата.
Мечката размислува, размислува и ја кажува последната желба:
– Посакувам сите мечки во цел свет да се женски, а само јас машко.
Пинг – се исполнува желбата.
Зајакот ја става кацигата, се качува на моторот, го пали, дава гас и вели:
– Посакувам мечката да е геј!