Мечка влегла во дом на семејство и си украла една порција од ручекот: ВКУСНА ЛАЗАЊА!

Сопственичката на домот Хелена Хулис на социјалните мрежи ја сподели снимката од камерата на која се гледа како натрапникот упаднал во нејзиниот дом во четвртокот.

 

 

 

Имено, мечка влегла во домот на Бархамстед преку отворен прозорец и се шетала низ куќата, па отишла и до кујната, а потоа лежерно ја отворила вратата од замрзнувачот.
Мечката потоа ги избира лазањите завиткани во пакување. Задоволна од изборот, мечката ја користи вратата на замрзнувачот за да се издигне низ прозорецот.

 

 

Откако мечката излегла од куќата, на снимката се гледа како талка во далечина со оброкот во устата.
„Само што го имавме најнеочекуваниот гостин во кујната! Оваа мечка сигурно слушнала за лазањите на „Ana’s Kitchen“, напиша жената на „Фејсбук“.

 

 

Оливерија е сопственик на „Ana’s Kitchen“, ресторанот од каде што е јадењето. Таа изјави за „CT Insider“ дека прозорецот од кој излегувала мечката бил истиот во кој влегла, а кој бил затворен, но не и заклучен. Мечката не направила никаква штета во домот.

„Конфликтите со мечки се тројно зголемени во текот на последните пет години во Конектикат, а мечки се забележани во сите 169 градови и населени места во државата“, велат од одделот за заштита.

 

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *